Утрински Весник
Економија

РКЕ: Пред осум месеци побаравме да се испита дали има злоупотреба кај правните субјекти за потрошувачката на струја

МОН: Пониската цена на електричната енергија за училиштата значи обезбедување континуитет на наставата со физичко присуство
Dik 300x250 mk

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) посочува дека уште во месец април 2022 година ги има информирано Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција во врска со добиени информации кои будат сомнеж дека одреден број на потрошувачи на електрична енергија не го исполнуваат условот да бидат мал потрошувач, а го префрлаат сопственото снабдување со електрична енергија од слободниот на регулираниот пазар преку склучување на договори за закуп.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, додаваат од таму, РКЕ побара од посочените институции да извршат инспекциски надзор согласно нивните законски надлежности и да утврдат дали има или нема злоупотреба.

„РКЕ достави писмено Известување и барање за вршење на инспекциски надзор до посочените институции уште пред осум месец (документ во прилог архивиран со датум 13.4.2022 година). Во прилог на ова Известување беше доставен и преглед на потрошувачи кои од слободен пазар преминале на регулиран – односно кај универзален снабдувач со електрична енергија, а со цел известените институции да утврдат дали и кај кои субјекти од прегледот има незаконско постапување за прашања кои се во нивна надлежност.

Посочуваме дека РКЕ согласно Законот за енергетика нема надлежност за инспекциски надзор, но има институционална одговорност и етика да алармира секој пат кога детектира сомнеж за можно незаконско постапување и злоупотреби.

Оттука остануваат нејасни посочувањата и префрлање на одговорноста за постапување и расветлување на конкретниот случај“, се потенцира во соопштението од РКЕ.

Можете да прочитате

Од полноќ нови, повисоки цени на горивата

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

СЕПА како двигател на интеграцијата во ЕУ е главната тема на 16. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура