Утрински Весник
Македонија

Ковачевски-Бетел: Силна поддршка од Луксембург за ЕУ интеграцијата на Македонија

Ковачевски-Бетел: Силна поддршка од Луксембург за ЕУ интеграцијата на Македонија
Ss2

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска во Тирана, на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан се сретна со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа разменети мислења за досегашната соработка меѓу двете земји, како и планови во насока на зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји во претстојниот период.

Ss1

Ковачевски изрази благодарност за досегашната поддршка и партнерство на Луксембург со Северна Македонија во НАТО, ООН и ОБСЕ, како и во евроинтеграциските процеси.

„Гледаме на Луксембург како на пријател кој ја вокализира својата поддршка во постигнување на нашите стратешки цели. Луксембург има посебно значење во остварување на нашите европски соништа-потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација кој се случи во Луксембург во 2001 година. Ние сме многу благодарни за постојаната вокална поддршка од страна на Луксембург и за препознавањето на напорите на Македонија во смисла на ЕУ интеграцијата, што ни дава оптимизам и сила да продолжиме со напорната работа на ЕУ реформската агенда“, истакна Ковачевски, осврнувајќи се на досегашните билатерални средби. Тој го покани премиерот Бетел да ја посети Македонија.

Ковачевски се заблагодари на целосната техничка поддршка од страна на Луксембург како и за отворање на Виза центарот во Министерството за надворешни работи, со што Македонија стана лидер во визната либерализација во 2008 година.

Фокус на средбата беше и зајакнувањето на парламентарната соработка, а се нагласи и потребата од засилување на економската размена.

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Вредностите секогаш не обединувале, да не го потцениме моментот, сега е најважно

Бојмацалиев: Почит кон споменот и сеќавањето на нашите бранители од 2001 кои никогаш нема да бидат заборавени

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер