Утрински Весник
Македонија

Малолетник загина со мотор во сообраќајна несреќа во Козле

Малолетник загина со мотор во сообраќајна несреќа во Козле

Синоќа во сообраќајна несреќа во Скопје загина малолетник кој возел мотор.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, несреќата се случила синоќа околу 20.47 часот на ул.„Козле“ во Скопје, меѓу возило „цитроен“, управувано од К.Ѓ.(37) од Скопје, возило „мини купер“, управувано од П.Ж.(53) од Скопје и мотоцикл „хонда“, управувано од малолетник од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки.

На местото несреќата од здобиените повреди починал малолетникот, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

Јахији од ДУИ победил во Брвеница со стотина гласа предност

Стојаноска ја нападна ВРЕДИ: Наместо да се разликува од ДУИ, одигра во нејзина корист

АЛТА банка ги затвора експозитурите за клиенти од утре