Утрински Весник
Магазин

(Видео) Принцот Хари говори за кралска хиерархија во претстојниот документарец

(Видео) Принцот Хари говори за кралска хиерархија во претстојниот документарец
Dik 300x250 mk

Принцот Хари ја критикува кралската хиерархија во новиот трејлер од својот документарен филм, насловен „Хари и Меган“.

dobivaj vesti na viber

Трејлерот – објавен три дена пред премиерата на серијата на стриминг-платформата „Нетфликс“ закажана за 8 декември – содржи голем број фотографии од војводата и војвотката од Сасекс додека го опишуваат својот живот.

Хари вели дека не сакал неговата сопруга да доживее слична судбина како неговата мајка, принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во 1997 година.

Хари – кој има тригодишен син Арчи, и ќерка Лилибет (18 месеци) со Меган – вели: „Не сакав историјата да се повтори“.

Во трејлерот, 38-годишниот принц кој се откажа од кралските должности пред да се пресели во САД со Меган, вели: „Навистина е тешко да се погледне наназад на тоа и да се размислува „Што всушност се случи? ”

Хари, исто така, сугерира дека жените кои стапуваат во брак со членови на кралското семејство чувствуваат особено интензивен притисок.

Над фотографијата со високи членови на кралското семејство на балконот на Бакингемската палата, Хари вели: „Постои хиерархија на семејството.“

„Болката и страдањето на жените кои стапуваат во брак во оваа институција, тоа е лудница.“

Според некои британски медиуми, жестоките коментари на војводата од Сасекс не покажуваат знаци на понуда на маслиново гранче на кралското семејство.

„Наместо тоа, војводата тврди дека имало војна против Меган за да одговара на агендите на другите луѓе,“ коментира Би-би-си.

Документарната серија од шест епизоди започнува во четврток.

Можете да прочитате

Најбрзиот воз во светот достигна 453 км/ч, пробните возења продолжуваат

Истражување: ВИ-асистентите погрешно ги претставуваат вестите во половина одговори

Фатен сом долг 3 метри и тежок 120 килограми во Шпанија