Утрински Весник
Свет

Ужас во Германија: Полна количка падна врз бебе во продавница, по што почина во болница

Ужас во Германија: Полна количка падна врз бебе во продавница, по што почина во болница

Бебе почина откако врз него падна полна количка во продавница во Германија. Малото девојче имало само 13-месеци.

dobivaj vesti na viber

Трагедијата се случила вчера пред очите на родителите. Како што пренесуваат германските медиуми, на количката биле натоварени гипс картони, а девојчето стоело веднаш до количката кога таа се превртела и паднала врз неа.

Муштериите веднаш притрчале и на детето му била укажана прва помош. Набрзо пристигнала брза помош, а детето со хеликоптер било пренесено во болница, каде што починало.

Полицијата води истрага за целиот случај, а се уште не се знае дали телото на девојчето ќе биде испратено на обдукција.

Можете да прочитате

Меркел нема да се кандидира за претседател на Германија

Морничаво откритие во Франција: Две бебиња најдени во замрзнувач

Фицо со остри критики: ЕУ ризикува да стане „музеј на отворено“ поради економските политики