Утрински Весник
Свет

Во Чешка започна обуката на украинските војници

Во Чешка започна обуката на украинските војници

Во Чешка започна воената обука на украинските војници, потврди началникот на Генералштабот на чешките вооружени сили генерал-мајор Карел Река, пренесува чешкиот портал iDNES.

dobivaj vesti na viber

„Украинските војници веќе се во Чешка на планирана воена вежба на полигонот Либава“, рече Рехка.

Чешката влада понуди пет едномесечни обуки кои ќе се одржат до крајот на следната година. Во секоја може да учествуваат до 800 украински војници, што е вкупно до 4.000 војници. Обуката беше одобрена од чешкиот парламент минатата недела.

Во ЕУ досега се обучени 1.100 војници

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, во петокот изјави дека досега во мисијата на ЕУ за обука на украинската армија учествувале 1.100 војници. Борел ја откри бројката за време на посетата на тренинг кампот во Полска.

Тој рече дека мисијата ја покажала подготвеноста на Европа да ја поддржи Украина додека таа се брани од Русија. Министрите за надворешни работи на ЕУ потпишаа договор за Мисијата на ЕУ за воена помош за поддршка на Украина (ЕУМАМ) на 14 ноември, а официјалното започнување беше еден ден подоцна.

Неколку земји од ЕУ веќе обучија украински војници врз основа на национални договори.

 

Можете да прочитате

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан