Утрински Весник
Македонија

Полициска акција во Арачиново, приведено лице кое се барало со потерница

Полициска акција во Арачиново, приведено лице кое се барало со потерница

Утрово од страна на Оперативниот тим потраги во содејство со припадници на Одделот за специјални полициски операции-ОСПО и полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на подрачјето на селото Арачиново, скопско, лишен е од слобода Н.Р.(49) од Арачиново.

dobivaj vesti na viber

За него, како што соопшти МВР, била распишана централна потерница согласно наредба од Основен Кривичен суд -Скопје, со која се барал за издржување на казна затвор во времетраење од година и половина, за неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.

„Во 06.30 часот полициски службеници извршиле проверка во куќа во с.Горно Мојанци, сопственост на Џ.О., во која престојувал Ф.О.(40) од с.Арачиново, при што бил пронајден пиштол. Пиштолот е одземен за понатамошна постапка, по лицето се трага, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираа од МВР.

Можете да прочитате

Со дополнителни даноци за немажени и неженети и со читанки каде пишува „Јас, мама, тато, дада и бато“ Мицкоски ќе се справува со демографската криза

Костадинов: Нов парк во Струмица од 43.000 м2

Левица:ЕУ директно го негира македонскиот идентитет преку сестринските партии на ДПМНЕ и СДС​​​