Утрински Весник
Спорт

Јапонците ја „урнаа“ Шпанија за прво место, Германија испадна и покрај победата над Костарика!

Јапонците ја „урнаа“ Шпанија за прво место, Германија испадна и покрај победата над Костарика!

Јапонија е првопласирана во групата Е на Светското првенство во Катар и ќе се судри со Хрватска во осминафиналето по фантастичната 2:1 победа над Шпанија, која пак се „провлекува“ какао второпласирана за дуел со Мароко, откако Германците едвај ја совладаа Костарика (4:2), но тоа не беше доволно за да се осудени на ново испаѓање во групната фаза, второ едноподруго на Мундијалите.

dobivaj vesti na viber

На стартот на мечевите од групата Е изгледаше дека ситуацијата е јасна – Германија и Шпанија стигнаа до рано водство, ситуација во која двата европски гиганти беа сигурни во осминафиналето. Алваро Мората постигна гол трет натпревар едноподруго на Мундијалот за водство на „фуријата“, додека Серж Гнабри стрелаше за водство на тимот на Ханси Флик.

Меѓутоа во второто полувреме, јапонските „самураи“ приредија фантастичен камбек – Рицу Доан прво постигна прекрасен гол во 48. минута, за Аоки Танака по една контроверзна ситуација во 51. минута го комплетираше пресвртот.

Овој резултат ја водеше Шпанија како второпласирана во нокаут фазата, но тогаш Костарика исто така направи пресврт, поведувајќи со 2:1 против Германија, резултат кој ќе значеше испаѓање и на Шпанија, пред замената Каи Хаверц да осигура барем „маншафт“ да се простат со чесна победа, а Никлас Филкруг во последните минути да ги постави конечните 4:2.

ГРУПА Е
Германија – Костарика 4:2
Шпанија – Јапонија 1:2

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност