Утрински Весник
Спорт

Хрватскиот „суперхерој“ се вика Јошко Гвардиол

Хрватскиот „суперхерој“ се вика Јошко Гвардиол
Img 5587

Хрватска се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во Катар по 0:0 ремито со Белгија, за кое можеби е најзаслужен Ромелу Лукаку, кој промаши повеќе сигурни ситуации пред хрватскиот гол, но и фантастичниот дефанзивец, 20-годишниот Јошко Гвардиол, кој покажа зошто Челси сака да го сруши рекордот и да го направи најскап дефанзивец на светот.

dobivaj vesti na viber

Фудбалерот на РБ Лајпциг беше забележан од повеќе фанови на социјалните мрежи, но и од официјалниот Твитер профил на СП, кој го нарече „хрватски суперхерој“ поради перформансите, но и поради маската која ја носи по повредата која ја доби пред стартот на СП.

„Ја остваривме целта, поминавме понатаму. Да, можевме да дадеме и некој гол, имавме шанси, но тие притиснаа во вториот дел. Да бидеме искрени, треба да сме задоволни со бод. Лукаку? Искрено, потешко ми беше да го чувам… Добро, не беше лесно, сите знаеме за каков играч се работи. Мојата игра? Каажав дека во денешниот фудбал сите мора да ја преземат одговорноста и да ја одиграат својата игра“, вели Гвардиол.

Ss1

Можете да прочитате

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Борусија Дортмунд си обезбеди место во ЛШ во наредната сезона

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот