Утрински Весник
Македонија

Град Скопје го раскина договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“

Град Скопје го раскина договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“ денес е раскинат поради неисполнување на обврските што произлегуваат од договорот.

dobivaj vesti na viber

„Во случајот се работи за обврската за континуирано и непрекинато давање на јавната услуга за превоз на патници. За жал, ‘Слобода превоз’ повеќе од два дена во континуитет не ја извршуваше оваа договорна обврска, со што, поради непочитување на договорот, тој е раскинат. Ги повикуваме сите приватни превозници да се јават на јавниот повик што ќе биде објавен во текот на следната недела.

Сметаме дека овој модел, склучување директни договори за јавен градски превоз со индивидуални превозници, ќе придонесе за поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијалните проблеми. Градскиот јавен превоз функционира непрекинато, а ЈСП „Скопје“ во овој момент има доволно капацитети да ги задоволи потребите на скопјани. Апелираме до „Слобода превоз“ да ја ревидираат одлуката за блокирање на главниот град бидејќи на тој начин нема да постигнат разрешување на проблемот, напротив, на овој начин проблемот се продлабочува. Скопјани не се должни да бидат колатерална штета поради нерационалните барања на „Слобода превоз“. Со уцени нема договор“, велат од Град Скопје.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен