Утрински Весник
Македонија

Спасовски: МВР на секоја закана приоѓа со максимална професионалност, клучен фактор е меѓународната соработка

Спасовски: МВР на секоја закана приоѓа со максимална професионалност, клучен фактор е меѓународната соработка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше на Петтата пленарна сесија на Национална конвенција за Европската Унија во Република Македонија, што се одржува во Собранието во присуство на амбасадорите на партнерските земји и претставници на релевантни институции.

dobivaj vesti na viber

За време на првата панел дискусија „Основите на европската интеграција: Владеење на правото и спроведени реформи” во рамки на сесијата, министерот Спасовски беше прашан за тоа како се справуваме како држава со хибридните закани со какви закани, особено ако се земе предвид фактот дека многу училишта добија пријави/дојави за поставени експлозивни направи. Во однос на ова прашање, Спасовски истакна дека во тој контекст се и дојавите за поставување на експлозивни направи во скопски средни училишта.

„Би сакал да истакнам дека сите дојави од страна на МВР се третираат со максимална сериозност и се преземаат сите активности: откако ќе се спроведе евакуацијата, се обезбедува заштитен периметар и се пристапува кон антитерористичка проверка на објектите и околината, при што се ограничува и пренасочува сообраќајот. Притоа, Република Северна Македонија не е некој исклучок за ваквите хибридни напади т.н. лажни дојави за бомби. Напротив, на ваков тип напади масивно се изложени и соседните земји – како на пример: Србија, Хрватска и Црна Гора, а и подалечните, како Нов Зеланд, Канада, САД, Германија итн. Без разлика на зачестените закани, Министерството на секоја закана ѝ приоѓа со максимална професионалност и сериозност“, рече Спасовски.

Со цел подобар координиран одговор по ова прашање, Спасовски го издвои и донесувањето на неколкуте значајни стратешки документи, како што се Националната стратегија за компјутерска безбедност, Стратегијата за градење на отпорност и справување со хибридните закани, Стратегијата за компјутерски криминал. Притоа, потенцираше дека клучен фактор е силната меѓународна соработка и брза размена на информации помеѓу земјите и агенциите за спроведување на законот.

„Би сакал да истакнам дека во првата половина од 2022 година регистрирано е зголемување на компјутерскиот криминал во нашата земја за значителни 48% во однос на истиот период од 2021 година, додека причинетата материјална штета е десеткратно зголемена во однос на лани. Од вкупниот број на регистрирани дела по преземени мерки и активности расчистени се 76 дела, со што е постигната вкупна ефикасност од 67%, која е зголемена за околу 10% споредбено со лани”, информираше Спасовски.

Во 2023 година пријавено е учество во 12 Оперативни акциски планови и 108 Оперативни акции, притоа Македонија ќе биде ко-лидер во четири Оперативни акции”, истакна Спасовски.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Измени во сообраќајот на возовите поради реконструкција на пругата Скопје – Зелениково

Тешко повреден возач по судир со трактор