Утрински Весник
Спорт

Меси: Лут сум на себе поради промашениот пенал

Меси: Лут сум на себе поради промашениот пенал
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лионел Меси беше една од централните фигури на мечот меѓу Аргентина и Полска, кој „гаучосите“ по голема борба и многу возбудувања го добија во своја корист со 2:0, со што обезбедија пласман во осминафиналето.

dobivaj vesti na viber

Во финишот на првото полувреме Аргентина имаше одлична можност да поведе, но Меси не успеа да го искористи пеналот што сам го изнуди.

Тоа беше првиот промашен пенал за Аргентинецот на Светското првенство во Катар, откако го изведе првиот на мечот со Саудиска Арабија. Интересно е што за Аргентинецот ова беше дури 31. промашување од 11 метри во кариерата.

По натпреварот Меси си го отвори срцето.

„Лут сум на себе поради промашениот пенал. Имам впечаток дека тимот беше посилен по мојата грешка. Знаевме дека ако го постигнеме првиот гол, тоа може да промени се“, изјави Меси.

Репрезентацијата на Аргентина во осминафиналето ќе се соочи со Австралија. Лео е свесен дека добар дел од работата е завршена, но големата возбуда допрва следи.

„Мислам дека мечот со Австралија ќе биде многу тежок. Секој може да победи секого, се е некако рамноправно. Мораме да се подготвиме за тој меч на најдобар можен начин“, изјави „десетката“ на Аргентина.

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини