Утрински Весник
Спорт

Разврска во групите Е и Ф: Германија и Шпанија гледаат кон осминафинале, Хрватска на мегдан со Белгија

Разврска во групите Е и Ф: Германија и Шпанија гледаат кон осминафинале, Хрватска на мегдан со Белгија

Вечерва на СП во Катар ќе бидат формирани две нови осминафинални двојки. На програмата се натпреварите од последното коло во групите Е и Ф.

dobivaj vesti na viber

Натпреварите во Е групата ќе се играат од 20 часот. Шпанија за противник ја има Јапонија, а Костарика ќе се пресмета со Германија.

Шпанците се во најдобра позиција, бод им е потребен за да бидат сигурни осминафиналисти. За останатите селекции има неколку комбинации. Сепак најреално е Шпанија да ја победи Јапонија, а Германија да слави против Костарика, што значи дека европските репрезентации би играле во нокаут фазата.

Табела: Шпанија 4, Јапонија 3, Костарија 3, Германија 1.

Натпреварите во Ф-групата ќе започнат во 16 часот. На програмата покрај европското дерби Хрватска-Белгија ќе биде и дуелот Мароко-Канада. Со исклучок на Канада останатите три репрезентации имаат реални шанси за пласман во осминафиналето.

Хрватска и Мароко со четири бода се во подобра позиција од Белгија која има три бода. Канада во оваа група е последна без освоен бод.

Можете да прочитате

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк