Во тек се отпуштања во американската медиумска куќа CNN, пренесува весникот „Хил“.
Новиот извршен директор Крист Лихт испратил известување до вработените во кое се наведува дека во тек се неодреден број отпуштања и дека наскоро ќе бидат објавени повеќе информации за тоа кој е засегнат од одлуката, според весникот „Вашингтон“.
„Денеска информиравме одреден број вработени за ова, повеќето се наши дописници и сите како дел од изменетата шема за известување. Утре ќе ги известиме засегнатите од оваа одлука, а исто така јавно ќе објавам повеќе детали за промените“, рече Лихт.
Тој рече дека отпуштените ќе дознаат повеќе преку личен разговор со претпоставените или преку апликацијата Zoom, во зависност од локацијата на вработениот и ќе добијат информации за отказниот рок или отпремнината.
Сите вработени кои ќе го исполнат условот за бонус во 2022 година секако ќе го добијат, додаде Лихт.
„Знам дека овие промени ќе се одразат на нашите колеги кои заминуваат, но и на оние што остануваат“ – рече Лихт.