Бразилската фудбалска легенда Пеле е во болница во Бразил откако му откажало срцето, јавуваат бразилските медиуми, кои посочуваат дека докторите се обидуваат да го стабилизираат неговото здравје.
82-годишниот Пеле бил примен во болница во вторникот навечер кога му се појавиле отоци на целото тело. Неговата ќерка, Кели Насименто се јави преку Инстаграм за да ја објасни неговата положба.
„Многу вознемиреност во медиумите околу здравјето на моето здравје. Тој е во болница и прима лекарства. Нема итност или нови лоши превидувања. Ќе бидам таму за нов Година и ќе ви покжам фотографии“, вели Насименто.
На легендарниот напаѓач му беше отстранет тумор од дебелото црево во септември 2021 гоина, и оттогаш постојано е во посета на болниците. Според „ЕСПН Бразил“, неговата сопруга, Марсија Аоки го однела во болниц откако ги забележила отоците, а докторите потврдиле дека се работи за состојба на анасарка, синдром на откажување на срцето. Сепак, тој не реагирал добро на лекарствата и неговата состојба се влошува.
Pelé é internado em São Paulo e estado de saúde preocupa; veja os detalhes #FutebolNaESPN https://t.co/w6L6E4wAAC
— ESPN Brasil (@ESPNBrasil) November 30, 2022