Утрински Весник
Македонија

Османи од Букурешт: Евроатлантската интеграција на земјите од Западен Балкан ќе обезбеди долгорочна стабилност во регионот

Османи од Букурешт: Евроатлантската интеграција на земјите од Западен Балкан ќе обезбеди долгорочна стабилност во регионот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на вториот ден од НАТО Министерскиот состанок, што се одржува во Букурешт.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на дискусиите, на кои учествуваа и министрите за надворешни работи на Финска, Шведска, Босна и Херцеговина, Грузија и Молдова, беше поддршката за Украина, политика на отворени врати на НАТО, зајакнувањето на Источното крило на Алијансата, како и значењето на регионот на Црното море за целокупната трансатлантска безбедност. Воедно стана збор и за заканите и предизвиците од авторитарните актери и стратешките конкуренти на НАТО во повеќе региони, вклучувајќи го и Западниот Балкан.

Во своето обраќање, Османи нагласи дека Северна Македонија како дел од Западен Балкан и најнова членка на НАТО одблиску ја познава трансформативна моќ на европската и евроатлантската интеграција, и токму затоа силно ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата, и процесот на проширување на Европската Унија. Според него, за време на војна во европскиот континент, европските и евроатлантските интеграции на земјите од Западен Балкан се клучни за одржување долгорочна регионална и европска стабилност.

“Денес, заедно со министрите за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија, како најмногу погодени земји од војната во Украина, имаме можност да размениме мислења за тоа како дополнително да ја зајакнеме нивната отпорност и да ги развиеме нивните капацитети, поддржувајќи ја нивната политичка независност. Западен Балкан и Црното Море остануваат региони од стратешко значење за Алијансата. Нашето партнерство е клучно во справување со заедничките закани и предизвици”, додаде Османи.

Од Букурешт Османи продолжува за Лоѓ, Полска каде ќе учествува на 29-от Министерски совет на ОБСЕ, по кој Северна Македонија го презема претседателството со Организацијата.

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Гаши: Газењето на државни знамиња е напад врз сите етнички заедници

Адвокатот Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор