Утрински Весник
Македонија

Тепал и навредувал момче, припадник на ЛГБТ-заедницата, обвинение за 33-годишен скопјанец

Тепал и навредувал момче, припадник на ЛГБТ-заедницата, обвинение за 33-годишен скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинителен предлог против 33-годишен скопјанец, кој се товари за кривично дело насилство во согласност со член 386 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Според полицијата, на 29.6.2019 година, обвинетиот во група со повеќе други засега неидентификувани лица извршил малтретирање, грубо навредување и грубо насилство врз едно лице. Делото било сторено од омраза поради сексуалната ориентација и припадност на оштетениот кон ЛГБТ-заедницата.

На наведениот датум, по завршувањето на „Парада на гордоста“ во Скопје, оштетениот со уште неколку други лица се враќале од ручек на Матка. Кога тргнале да си одат, биле забележани од обвинетиот и другите непознати лица, кои ги препознале и почнале да ги навредуваат и да им се закануваат.

Исплашени за безбедноста, оштетениот и неговите пријателки се качиле во такси-возила и се обиделе да побегнат, но обвинетиот и неговата група со автомобили ги следеле. Такси-возилото во кое бил оштетениот било попречено од друг автомобил и било принудено да застане по што обвинетиот насилно ја отворил предната совозачка врата и физички го нападнал оштетениот, го удрил со бокс и почнал да го тегне за да го извлече од возилото.

На тој начин обвинетиот му нанел телесни повреди на оштетениот – контузија и рана, а кај другите сведоци на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.​​

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации