Утрински Весник
Свет

Украина уапси службеник во Херсон, го сомничат дека им помагал на Русите

Украина уапси службеник во Херсон, го сомничат дека им помагал на Русите

Украина го приведе заменик-шефот на градскиот совет во Херсон, кој беше ослободен од украинските сили на почетокот на ноември, под сомнение дека им помагал и ги поттикнувал Русите кои ја презедоа контролата врз градот во март, соопшти украинскиот државен обвинител.

dobivaj vesti na viber

„Ројтерс“ објави дека функционерот во Херсон, кој Украина не го именуваше, соработувал со руските власти и помогнал во водење на јавните служби.

Службеникот, кој не можеше да се контактира за коментар, се соочува со затворска казна до 12 години доколку биде кривично гонет и прогласен за виновен, според обвиненијата. Службеникот беше во притвор, но му беше дозволено да плати кауција, рече обвинителот.

Украина го прогласи ослободувањето на Херсон на 11 ноември, откако руските сили кои ја нападнаа Украина во февруари се повлекоа од градот на југот на земјата и ја преминаа реката Днепар.

Можете да прочитате

Трамп се закани: Ако Хормуз веднаш не се отвори Иран ќе биде целосно уништен

Американската војска во регионот се зголеми на 50.000 војници пред можна копнена инвазија на Иран

Трамп: Ќе ми биде драго да ја земам иранската нафта