Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Хаос со превозот, катастрофа во Скопје поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Хаос со превозот, катастрофа во Скопје поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ

На Скопје му се случува хаос предизвикан од неспособноста од градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јавниот превоз е во колапс, а и останатите јавни претпријатија се во хаос. Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз, а деновиве се случува целосен сообраќаен хаос, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека нема ништо од бесплатниот автобуски превоз, нема нови автобуси, ја нема фабриката за автобуси што Христијан Мицкоски ја најавуваше. Не се менаџира ниту постоечкиот автобуски превоз, па граѓаните на Скопје со денови се приморани да ги користат само линиите на ЈСП, кои не се редовни што предизвикува нервози, доцнења на работа, на училиште, на факултет, на лекар…

По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност на главниот град му приредува нова непогода. ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се големо разочарување за граѓаните, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт