Утрински Весник
Свет

Уапсена внуката на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи

Уапсена внуката на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи
Img 5587

Внуката на врховниот ирански верски водач, ајатолахот Али Хамнеи, опозиционерката Фарида Морадкани е уапсена во Иран.

dobivaj vesti na viber

Таа беше уапсена откако ги повика странските влади да ги прекинат сите врски со Техеран поради насилното задушување на протестите предизвикани од смртта на една млада Иранка во полициски притвор.

Img 5587

„ Слободен свету, биди со нас. Кажете им на вашите влади да престанат да го поддржуваат овој смртоносен режим што убива деца. Овој режим не е лојален на ниту еден религиозен принцип и не познава правила, освен сила и останување на власт“, ​​рече Морадкани во видео изјавата што беше споделена на Интернет од нејзиниот брат пред неговото апсење, објави Си-Ен-Ен.

Морадкани рече дека во овој, како што наведе, критичен момент од историјата, целото човештво забележува дека иранскиот народ со празни раце храбро се бори со злите сили.

Таа, исто така, рече дека Иранците се во војна со владите кои го поддржуваат иранскиот режим и ги повика демократските земји да ги отповикаат своите претставници од Иран и да ги протераат иранските претставници од нивните земји.

Иранскиот режим и претходно ја апсеше Морадкани, потсетува Си-Ен-Ен.

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина