Утрински Весник
Македонија

Штајнмаер утре во посета на Македонија

Прва посета на германскиот претседател во Македонија, најавени средби со државниот врв и екипата на „Медена земја“

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмајер, утре ќе допатува во официјална посета на земјава.

dobivaj vesti na viber

На официјалната страница на германскиот претседател се наведува дека посетата е со фокус на ситуацијата во регионот, влијанието на војната во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ.

Ова е прва посета на Штајнмаер во Македонија.

Во Скопје се планирани политички разговори на 29 и 30 ноември, меѓу другото, со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а Штајнмајер треба да се обрати и во Парламентот, да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја“ и да го посети првиот ветерен парк во земјата во Богданци.

Можете да прочитате

Ацо Ристов во РКЕ e нова алка во бизнис мрежата на Мицкоски, велат од СДСМ

Парламентарното мнозинство го одби Предлог законот за заштита од семејно насилство предложен од Зајкова

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од погодените земји на Блискиот Исток