Индиската полиција тврди дека стаорците изеле големи количини запленет канабис.
Судот во градот Мартура, кој се наоѓа во државата Утар Прадеш, во северна Индија, откако беше информиран дека полицијата не може да испорача речиси 200 килограми запленет канабис што требаше да се користи како доказ објави дека „стаорците се мали животни и не се плашат од полицијата“.
Судските документи велат дека од полицијата било побарано да обезбеди 386 килограми канабис, додека обвинителите предупредиле дека повеќе од 700 килограми запленета марихуана низ Мартур е загрозена од стаорци. Поради тоа судот побара од полицијата да преземе мерки за заштита на запленетиот канабис.
Сепак, како што објави „Си-Ен-Ен“, извештаите за тоа што се случило откако глодарите наводно го конзумирале канабисот ги оставаат работите нејасни. Имено, началникот на полицијата во споменатиот индиски град изјавил дека стаорците не го изеле канабисот, туку дека бил уништен од дождови и поплави.
Студијата од 2016 година на Универзитетот во Британска Колумбија покажа дека главната психоактивна состојка во канабисот ги прави стаорците мрзливи. Истражувањето било спроведено на 29 стаорци кои морале да изберат помеѓу едноставна или посложена активност за да добијат храна.