Утрински Весник
Свет

Кремљ: Враќањето на Крим на Украина е целосно неприфатливо

Кремљ: Враќањето на Крим на Украина е целосно неприфатливо
Dik 300x250 mk

Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски и желбата на Киев да го врати Крим без воени средства, Москва ја доживува како дискусија за отуѓување на руски територии, што е целосно неприфатливо, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„За нас ова не е ништо повеќе од дискусија за отуѓување на територија од Русија. Поинаку не може да се разбере. Тоа не доаѓа предвид“, им одговори Песков на новинарите на прашањето за коментар за изјавите на Зеленски, пренесува ТАС С.

Украинскиот претседател претходно изјави дека Киев е подготвен да ги разгледа опциите завраќање на Крим без воени средства, но апелираше „да не се губи време“ на опции кои не предвидуваат, како што наведе, „деокупација на полуостровот“.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Зеленски рече дека ако решението не предвидува деокупација, а според него Крим е дел од Русија, никој не треба да губи време на тоа, пишува „Украинска Правда“.

„Ваквите изјави уште еднаш укажуваат на неподготвеноста и неспособноста на украинската страна, што не покажува волја, проблемот да се реши со невоени методи“, рече Песков.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа