Утрински Весник
Свет

Група активисти против климатските промени легнаа на аеродромската писта во Берлин

Група активисти против климатските промени легнаа на аеродромската писта во Берлин

Берлинскиот аеродром „Бранденбург3 денеска објави дека ги затворил своите писти откога неколку луѓе без дозвола влегле на нив.

dobivaj vesti na viber

Групата „Последна генерација“, која се противи на климатските промени, објави дека нејзините активисти се залепиле на земјата.

Активистите ја повикаа јавноста да престане да користи авиони за патување и владата да престане да го субвенционира овој начин на превоз.

Берлинската полиција соопшти дека овие лица влегле во делот од аеродромот кој е затворен за јавноста и дека некои од нив се залепиле за подот.

Портпаролот на аеродромот рече дека полицијата ги привела активистите, но дека пистите се затворени за да се провери дали на нив сѐ уште има луѓе.

Можете да прочитате

Петкатна зграда се урна во Либан – лица заробени под урнатините

Балистички напад врз Киев – 24info.mk

Шефот на кабинетот на Стармер поднесе оставка