Дезертерот Димитар Ковачевски на големи маки кого попрво да слуша, дали Зоран Заев од Струмица или Али Ахмети од Зајас, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа пионот Ковачевски, кога не знае што треба да направи или оди во Зајас кај Ахмети, или во Струмица кај Зоран Заев да се советува.
Бидејќи Ковачевски и СДС знаат дека се ближи нивниот крај, партијата СДС и дезертерот Ковачевски се претворија во вазали на ДУИ и Али Ахмети. За некој тендер повеќе, за некој денар повеќе во џебот на функционерите од СДС се претвори во измеќари. Тоа е лицето на СДС денес, од партија која имаше некаква државотворна улога во минатото, во измеќарска партија за лични интереси и богатење“, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Според оваа партија, додека народот секој ден, сè повеќе осиромашува, додека економијата тоне, а граѓаните ги очекува најтешката зима, СДС и Ковачевски мислат и се спремни сè да прифатат за некој тендер повеќе, мислат само на лично богатење на грбот на граѓаните.
„На наредните предвремени парламентарни избори СДС и Ковачевски ќе доживеат дебакл, а со тој дебакл се става по знак прашање постоењето на СДС како политичка партија, па затоа грчевито се борат за ден повеќе да опстојат на политичката сцена, а со тоа да слугуваат на ДУИ и Ахмети. За да престанат сите омаловажувања и предавства на дезертерот Ковачевски и СДС, потребни се предвремени избори, за народот да каже дали сакаат да продолжат сите предавства на СДС и ДУИ, или сакаат просперитетна иднина и европска иднина со ВМРО-ДПМНЕ“, е наведено во напишаното.