Утрински Весник
Свет

Бајден и „заврте грб“ на Украина

Бајден и „заврте грб“ на Украина
Ss2

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал да организира телефонски разговор со Џозеф Бајден, но разговорот не се одржал, јавува телевизијата „Си-Ен-Ен“. Тој побарал разговор веднаш по ракетниот инцидент на територијата на Полска.

dobivaj vesti na viber

„Бајден и Зеленски не разговараа во вторникот вечерта, без оглед на барањата на украинскиот лидер да го организира тоа. Американскиот претседател не разговараше директно со Зеленски ниту во средата“ – пренесува телевизијата.

Img 5587

Повикувајќи се на добро информирани извори, медиумот објави дека Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на американскиот претседател, откако Зеленски ја обвини Русија за ракетниот инцидент, предложи Киев да биде повнимателен кога го коментира инцидентот во Полска.

„Околу еден час откако стана познат инцидентот, Воладимир Зеленски во вечерното видео обраќање изјави дека „руски проектили паднале врз Полска“. Саливан брзо се јавил во канцеларијата на Зеленски по тие изјави и апелирал до официјалните лица да зборуваат повнимателно за инцидентот“, пренесува американската телевизија.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Дубаи повторно погоден од силен дожд, „Емирати“ откажа летови

(ВИДЕО) Урнат пропалестинскиот камп во уверзитетот во Калифорнија