Утрински Весник
Свет

Иванка Трамп: Нема да учествувам на следните избори на татко ми, се повлекувам од политиката

Иванка Трамп: Нема да учествувам на следните избори на татко ми, се повлекувам од политиката
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Иванка Трамп реши да се повлече од политиката, објаснувајќи дека сега приоритет и се „малите деца и приватниот живот“.

dobivaj vesti na viber

Доналд Трамп во вторникот ја започна својата кандидатура за претседателските избори во САД во 2024. Веста ја соопшти од своето одморалиште на Флорида. Со него беа присутни членовите на семејството, меѓу кои и неговата сопруга Меланија и синот Ерик. Таму бил и сопругот на Иванка, Џаред Кушнер, но таа не била таму.

„Многу го сакам татко ми. Но, овојпат приоритет им давам на моите мали деца и на мојот приватен семеен живот. Не планирам да се занимавам со политика“, рекла Иванка Трамп, пренесува „Гардијан“.

„Иако секогаш ќе го сакам и ќе го поддржувам татко ми, во иднина тоа ќе го правам надвор од политичката арена. Благодарна сум што ја имав честа да му служам на американскиот народ и секогаш ќе бидам горда на многуте достигнувања на нашата администрација“ додаде таа.

 

Можете да прочитате

Интерпол издаде црвена потерница за осомничен за кражба на злато и сребро во Истанбул

Њу Делхи воведе строги мерки поради тешко загадување на воздухот

Хакерски напад врз француското МВР