Утрински Весник
Свет

Џјинпинг побара од светот да го отфрли менталитетот на Студената војна

Џјинпинг побара од светот да го отфрли менталитетот на Студената војна

Светот треба заеднички да го отфрли менталитетот на Студената војна и конфронтацијата на блокот, изјави денеска кинескиот претседател, Шји Џјинпинг.

dobivaj vesti na viber

Во писмениот говор објавен денеска, Шји оцени дека дејствата што поттикнуваат конфликти и ги кршат меѓународните норми се премногу чести. Тој исто така повика на отфрлање на унилатерализмот, протекционизмот и секој обид за мешање во политиката и прашањето за оружјето во економските и трговските односи, пренесува „Ројтерс“.

Џјинпинг првично требаше да се обрати на бизнис-форум на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Бангкок, но неговото обраќање беше откажано поради, како што рекоа организаторите, непредвидени проблеми со распоредот на кинескиот претседател.

Во говорот што кинеската делегација го одржа пред медиумите деловните лидери се поканети активно да се вклучат во реформите на Кина, напорите за отворање и модернизација, како и да придонесат за зајакнување на развојот и просперитетот на азиско-пацифичкиот регион и светот.

Можете да прочитате

Папата Лав XIV бара да се ослободат новинарите кои моментно се во затворите низ светот

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Првпат во историјата светот ја сака Кина повеќе од САД: Трамп е помалку популарен од Путин