Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Обезбедуваме 260 нови паркинг места во Капиштец и резидентни паркинзи за центарци

Герасимовски: Обезбедуваме 260 нови паркинг места во Капиштец и резидентни паркинзи за центарци

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на трибината „Заедно можеме“ од ООУ „Киро Глигоров“ зборуваше за проектот продолжување и изградба на катна гаража на улицата „Народен Фронт“ со капацитет од 260 возила.

dobivaj vesti na viber

„Во процедура е нов паркинг во Капиштец. Со самите истражувања ги детектиравме проблемите по населбите и најкритични се Дебар Маало, Капиштец и населбата Буњаковец. Во Капиштец планираме да ја отпочнеме новата катна гаража тоа ќе биде на улицата Народен фронт, продолжение на онаа монтажна гаража со капацитет од 260 паркинг места. Ова е еден од поскапите и капитални проекти коишто го планираме да го отпочнеме до крајот на годината, а да го реализираме до средина на следната година“, изјави Герасимовски.

На трибината Герасимовски во присуство на општинската администрација зборуваше и за другите проекти кои беа реализирани во годината која изминува како изборното ветување на пензионерите и отворениот пензионерски клуб во трговскиот центар Беверли Хилс, реконструираното детско игралиште, мрежната инфраструктура на неколку улици и други проекти.

Можете да прочитате

Меџити: Ќе се преземе се што е потребно за санирање на еколошките штети по пожарот во Трубарево

Чупеска: Граѓаните ја изгубија вербата во демократските институции и во можноста за остварување на правда

ДУИ: Власта ја блокира европската иднина на државата