Утрински Весник
Свет

Зеленски: „Тоа не беше украинска ракета“

Зеленски: „Тоа не беше украинска ракета“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека експлозијата во Полска, несомнено не била предизвикана од украински проектил, пренесува украинската новинска агенција „Интерфакс“.

dobivaj vesti na viber

„Не се сомневам дека тоа не беше наша ракета“, изјави Зеленски за украинските медиуми, а пренесува агенцијата „Интерфакс“.

Тој вели дека верува оти експлозијата во вторникот била предизвикана од руски проектил, додавајќи дека тоа се заснова на заклучоците на украинската армија, на која „не може, а да не и верува“.

Зеленски го изјави ова откако Полска и НАТО алијансата рекоа дека најверојатно станува збор за залутана украинска ракета за воздушна одбрана.

Украинскиот претседател рече дека верува оти на Украина веќе требало да и биде дозволен пристап до местото на експлозијата.

„Дали имаме право да бидеме дел од истражниот тим? Се разбира“, рече тој.

Зеленски исто така рече дека Русија не го поканила Киев на никакви мировни преговори.

„Тие не комуницираат со нас“, им рече Зеленски на новинарите во Киев.

Полскиот претседател Анджеј Дуда според написите на медиумите, во Варшава изјавил дека нема докази дека Русија ја истрелала ракетата и додал дека според достапните информации станува збор за ракета С-300 од советско производство, која најверојатно била истрелана од украинската противвоздушна одбрана.

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови