Утрински Весник
Македонија

Облачно време со појава на магла и дожд во вечерните часови

Облачно време со појава на магла и дожд во вечерните часови

Времето денес променливо облачно, по котлините со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, претежно во северните делови. Во попладневните и вечерните часови ќе дува умерен, а на места по должина на Повардарието засилен ветер од јужен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје претежно облачно и магливо. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд и ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 13 степени.

И в четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а в петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето. В сабота во текот на ноќта и в недела под влијание на нов влажен бран се очекуваат пообилни врнежи од дожд. И во следните денови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Можете да прочитате

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила

Кривична пријава за правно и физичко лице од Струмица, го оштетиле државниот буџет за скоро 50.000 евра

Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026