Утрински Весник
Спорт

Милан и Интер во трка за швајцарски репрезентативец

Милан и Интер во трка за швајцарски репрезентативец

Серија А е во „мирување“, со оглед на почетокот на Светското првенство, но не мируваат раководствата на клубовите кои се веќе фокусирани на зимскиот преоден рок.

dobivaj vesti na viber

Челниците на Милан, но и на Интер се свесни дека цената на некои играчи сигурно ќе порасне по Мундијалот и на секој начин се обидуваат до тој момент да договорат одредени трансфери.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Милан во моментов е многу поблиску до доведување на напаѓачот на Салцбург, Ноа Окафор. Тој има 22 години и му се предвидува светла иднина. Претседателот на австрискиот клуб веќе изјави дека неговиот играч вреди 40 милиони евра. На потег е Паоло Малдини, но секако дека на готовс е и Бепе Марота.

Швајцарија е во група со Бразил, Србија и со Камерун на Мундијалот што почнува на 20 ноември во Катар.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија