Утрински Весник
Економија

Бочварски во Брисел: Потребна е забрзана изградба на транспортните коридори и силна поддршка од ЕУ

Бочварски во Брисел: Потребна е забрзана изградба на транспортните коридори и силна поддршка од ЕУ

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, престојува во работна посета во Брисел, каде учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница за Западен Балкан, чиј домаќин е Европската Комисија и комесарката за транспорт, Адина-Јоана Вален.

dobivaj vesti na viber

На Советот се разговараше за напредокот на имплеметација на акциските планови во делот на патниот и железнички транспорт, транспортното олеснување и подигнување на безбедноста на патиштата во земјите од Западен Блакан.

Во своето обраќање Бочварски ја потенцира стратешката определба на Владата за изградба на патниот и железнички Коридор 8 со посебен акцент на доизградбата на железничкиот крак Исток – Запад за постигнување на ТЕН-Т стандардите на транспортната мрежа.

Тој го нотираше Коридор 8 како значаен правец за регионалната интеграција и побара од Европската Комисија, истиот да биде вметнат во единствениот Европскиот Коридор за Западен Балкан.

„Имајќи предвид дека и во железничкиот и во патниот Коридор 8 недостасуваат делници кои треба да се изградат односно надградат за да бидат на ниво на барањата на ТЕН-T мрежата, ова бара време, но и огромни финансиски средства. Поддршката од ЕУ, поконкретно од Европската комисија е суштинска. И во оваа прилика ја бараме вашата поддршка во реализирање на нашето барање за влез на нашите коридори во основната ТЕН-Т мрежа, особено на западниот дел од Коридорот 8. Нотираме дека регионалната соработка во Западен Балкан е коориднирана и во однос на реализација за ТЕН-Т Коридорот 8 е на високо ниво“, кажа Бочварски.

Како дел од акцискиот план, тој го истакна воспоставувањето на сигурен и безбеден транспорт преку изготвениот нацрт Закон за формирање на Агенција за безбедност како и воспоставувањето на Интелигентниот транспорент систем на Коридор 10. За таа цел побара техничка и финаниска помош од Европската Унија.

„Исклучително би ценеле доколку ни се овозможи техничка помош за Агенцијата за безбедност за континуирана и одржлива поддршка во воспоставувањето и функционирањето на целокупниот систем за безбедност на патиштата во земјата на принциот на т.н. “Safe system approach“. Во исто време би сакал да потенцирам и за огромната потреба од финансиска поддршка во смисла на поголем пристап до грант средства, особено за сложените регионални инфраструктурни проекти”, истакнаБочварски.

Во рамки на Министерскиот совет се потпиша и Декларација за воспоставувње на поблиска соработка во транспортниот сектор меѓу ЕУ, земјите од Западен Балкан и Грузија, Молдавија и Украина како чекор понапред во развојот на меѓународниот транспорт во Европа.

Можете да прочитате

„Кој купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

СДСМ: Инфлацијата од 4,5% руши рекорди – граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ