Кина се противи на исклучувањето на Русија од Г-20 и другите меѓународни организации, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров на маргините на самитот на Г-20 во Бали.
– Многу ни е драго што вие лично учествувате на самитот на Г20, што ја претставувате Русија на самитот, тоа е многу важна мисија. Ја поддржуваме достојната улога на Русија во рамките на Г-20 и другите меѓународни платформи и сметаме дека никој нема право да и го одземе на Русија рационалното право да учествува во мултилатерални формати – рече Ванг Ји.
Кинескиот министер додаде дека има намера да разговара со Лавров за „прашања од заеднички интерес, како и за соработка насочена кон одржување стабилна динамика во билатералните односи“.
Шефот на руската дипломатија, од своја страна, рече дека Москва го поздравува реизборот на Кси Џинпинг за генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и дека тој смета на развој на соработката со Кина.
Самитот на Г20 започна на 14 ноември на островот Бали. Претставниците на раководството на земјите-учеснички ќе разговараат за прашања поврзани со безбедноста на храната и енергијата, процесот на дигитална трансформација и прашањата за здравствената заштита. Самитот ќе трае до 16 ноември,пренесе Новости.хр.