Утрински Весник
Свет

(Видео) Поранешниот руски премиер: Почетокот на крајот на војната почна

(Видео) Поранешниот руски премиер: Почетокот на крајот на војната почна

Поранешен руски премиер изјави за „Скај њуз“ дека има знаци оти војната се ближи кон крајот велејќи дека Москва очигледно почнува да ја губи војната.

dobivaj vesti na viber

Михаил Касјанов рече дека повлекувањето на руските трупи од Харков и Херсон е „демонстрација дека Путин ја губи војната“.

„Мислам дека за неколку месеци тоа ќе биде последниот чин од војната“, изјави тој за „Скај њуз“. Сепак, тој рече дека „јасно е оти Путин не сака да запре“ и го опиша рускиот претседател како „фанатик“.

И покрај ова, Касјанов рече дека „почетокот на крајот е веќе почнат“.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот