Утрински Весник
Свет

Јерликаја: Од болница се пуштени 57 повредени во терористичкиот напад

Јерликаја: Од болница се пуштени 57 повредени во терористичкиот напад

Гувернерот на Истанбул Али Јерликаја потврди дека 57 лица, кои беа повредени во вчерашниот терористички напад на ПКК во Истанбул, се пуштени од болница и дека лекувањето на 24 лица продолжува, јавува агенцијата Анадолија (AA).

dobivaj vesti na viber

Јерликаја на социјалните мрежи ја сподели најновата информација во врска со повредените во терористичкиот напад на улицата Истиклал, во кој загинаа шест лица.

„Ослободени се 57 наши повредени кои беа згрижени во болницата поради експлозијата во улицата Истиклал. Од 24 пациенти, шестмина се на интензивна нега. Состојбата на двајца пациенти се уште е сериозна“, изјави Јерликаја.

Рано утринава шефот на турската полиција Сулејман Сојлу соопшти дека е уапсено лицето што ја постави бомбата во Истанбул.

Можете да прочитате

Иран ги нападна американските воени бази во Кувајт со ракети и дронови

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови