Утрински Весник
Магазин

Куќа инспирирана од „Ајронмен“ се продаде за 20.8 милиони долари

Куќа инспирирана од „Ајронмен“ се продаде за 20.8 милиони долари

Хациендата „Д’ рејзор хаус“, драматична мешавина од бетон и стакло со поглед на океан во Ла Џола, Калифорнија, најде купувач за 20,8 милиони долари, објави брокерската фирма што посредуваше во продажбата

dobivaj vesti na viber

Оваа импресивна палата е инспирирана од „Рејзор поинт“ – куќата на Тони Старк во филмскиот серијал „Ајронмен“.

Имотот наречен „Рејзор хаус“ е лоциран на американскиот брег на Тихиот Океан.

Браќата Џош и Мет Алтман, брокери за недвижнини, го понудија имотот за продажба по цена од 24.9 милиони долари во јуни. Тие најдоа купувач во рок од една недела, а продажбата се финализираше деновиве, соопшти брокерската куќа.

Продавач на имотот од 11.545 квадратни метри е Доналд Барнс, поранешен извршен директор на компанија – произведувач на уреди што им овозможуваат на корисниците телефонски повици од своите компјутери. Тој го купил имотот за 14 милиони долари во 2011 година и потрошил речиси три години за да го реновира, изјави за „Волстрит журнал“ минатиот август кога го огласи на пазарот за 30 милиони долари.

Идентитетот на купувачот, кого го претставуваат браќата Алтман и Стивен Свини од Douglas Elliman, не е откриен бидејќи никој од нив не беше достапен за коментар. Трансакцијата допрва треба да се појави во имотната евиденција на интернет.

Куќата со поглед кон океанот во сончевата Ла Џола, Калифорнија, е прикажана во ТВ реклами

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста