Утрински Весник
Свет

Сергеј Лавров итно префрлен во болница,Захарова демантира

Лавров: Америка сака да ја уништи Русија, сакаат целиот свет да го претворат во свој двор

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, наводно, бил пренесен во болница откако имал здравствен проблем по пристигнувањето на самитот на Групата 20 на Бали, соопштија во понеделникот индонезиските власти, пренесоа западните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Тројца индонезиски владини и медицински претставници изјавија за Асошиетед прес дека рускиот дипломат се лекува на островот. Сите одбија да бидат идентификувани бидејќи не беа овластени јавно да разговараат за ова прашање. Две лица рекоа дека Лавров се лекува од срцева болест.

Лавров требаше да присуствува на самитот на Г20 наместо рускиот претседател Владимир Путин.

Захарова ги демантираше овие гласини дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е примен во болница.

„Седам со Сергеј Викторович Лавров во Индонезија и ги читаме вестите. Не им веруваме на очите: изгледа дека е во болница. Се разбира, ова е лажна вест без преседан“, напиша портпаролката на Министерството за Надворешни работи на Русија Марија Захарова на Телеграм,пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking