Тифани Трамп, ќерка на поранешниот председател на САД, Доналд Трамп, во саботата се омажи за милијардерот Мајкл Булос, Американец по потекло од Либан.
Двојката се сврши во јануари, а врската ја започнаа летото 2018 година. Булос, е наследник на нигерискиот конгломерат „Булос ентерпрајсис“ чија вредност е проценета на 20 милијарди долари. Роден е во Либан, израснал во Нигерија, а се преселил во САД откако ја запознал Тифани.
Мајкл (25) посетувал училиште во Лагос, Нигерија, а потоа и на Универзитетот во Лондон, каде студирал бизнис-менаџмент и финансии. Дипломирал во 2018 година.
Две години пред да магистрира, Мајкл бил назначен за заменик-директор на конгломератот SOCA Nigeria, активен во производсто на мебел, дизајн на ентериери, монтажа и дистрибуција на автомобили, производство на електрична енергија, малопродажба и трговија, пренесува „Холивуд лајф“ (HollywoodLife). Мајкл тогаш имал само 19 години.
Во 2019 година, стана директор на Fadoul Group, како и менаџер за развој на бизнис во Royalton Investment во Лондон. Откако ја започна врската со Тифани, Мајкл живееше на релација САД-Лондон поради работа.
Американецот со либанско потекло е наследник на бизнисот со благородни метали на својот татко.
Тифани и Мајкл се венчаа во саботата на имотот на Трамп во Санбич, Флорида. Тифани (29) носеше венчаница дизајнирана од познатиот либански моден кретор Ели Саб.
Светските шоу-биз медиуми беа преплавени со фотографии од свадбената екстраваганца на имотот Мар-а-Лаго, најчесто таа на која се гледа како Трамп ја придружува својата ќерка до олтарот.