Утрински Весник
Свет

(Видео) Русите украле животни од зоолошка градина пред да побегнат од Херсон

(Видео) Русите украле животни од зоолошка градина пред да побегнат од Херсон

Жителите на Херсон велат дека руските војници пустошеле продавници и други објекти додека се повлекувале, а група за заштита на животните соопшти дека украле ракуни, волци и верверички од локалната зоолошка градина, пренесе АФП.

dobivaj vesti na viber

„Зедоа се’ со себе, ги чистеа продавниците“, вели Викторија Дибовска, 30-годишна продавачка.

Олександр Тодорчук, основач на UAnimals, движење за правата на животните, рече дека руските сили украле животни од локална зоолошка градина.

„Во зоолошката градина на Крим однесоа голем број животни: од лами и волци до магариња и верверички“, напиша Тодорчук на Фејсбук.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација