Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Украинците гранатираа зграда со 500 руски војници поради нападот на Никопол

Украинците гранатираа зграда со 500 руски војници поради нападот на Никопол
Img 7972

Вооружените сили на Украина извршија напад врз зграда во која беа стационирани до 500 руски војници, објави Главниот штаб на вооружените сили на Украина на „Фејсбук“.

dobivaj vesti na viber

„Потврдено е дека украинските сили нападнале група руски окупаторски сили во регионот Херсон“, изјавија тие.

Беше извршен удар со висока прецизност врз зграда во близина на Днепар, каде што беа стационирани до 500 окупациски војници.

„По нападот, руските сили однесоа два камиони со загинати војници во градот Тавријск“, се додава.

Покрај тоа, 56 војници со тешки повреди се хоспитализирани во најблиската болница. 16 од нив починале.

Имено, овој напад уследи откако руските сили во текот на ноќта го гранатираа Никопол во областа Дњепропетровск, при што истрелаа речиси 40 гранати.

Валентин Резниченко, шеф на Воената управа на тој регион, на Телеграм објави дека две жени се повредени.

„Русите распоредија „Град“ – ракетни системи и фрлач со повеќе цевки – и тешка артилерија за да пукаат кон Никопол и неговата околина“, напиша Резниченко.

„По руското гранатирање во Никопол, оштетени се повеќе од 40 станбени блокови и приватни куќи, дваесет трговски објекти, неколку гасоводи и далноводи“, пишува овој украински функционер.

„Руските гранати уништија една станбена зграда и предизвикаа два пожари, во стан и во двор на приватна куќа“, додаде тој.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите