Утрински Весник
Свет

Британското разузнавање: Русија планира да ја врати воената обука во училиштата

Британското разузнавање: Русија планира да ја врати воената обука во училиштата

Рускиот министер за образование Сергеј Кравстов изјави дека воената обука ќе се врати во руските училишта до следниот септември, соопшти британското Министерство за одбрана во последниот извештај за војната во Украина.

dobivaj vesti na viber

Програмата ќе биде поддржана од руското Министерство за одбрана, кое наведува дека на оваа обука треба да се посветат не помалку од 140 часа годишно.

„Ова претставува програма од советската ера во која учениците имаа задолжителна воена обука, програма која заврши во 1993 година. Оваа обука вклучуваше непредвидени случаи за хемиски или нуклеарен напад, прва помош и искуство со ракување и пукање со калашникови“, соопшти британското Министерство за одбрана.

„Руските официјални лица се обидоа да ја оживеат оваа обука во 2014 година по руската инвазија на Крим. Тие се надеваа дека иницијативата ќе го подобри квалитетот на регрутите. Осум години подоцна, малку се промени, а квалитетот на руските регрути останува лош, со низок морал и ограничени обука“, пишуваат Британците.

Се додава дека оваа обука најверојатно има за цел да ги подготви учениците со воени вештини бидејќи се приближуваат до возраста за регрутирање и ја зголемуваат подготвеноста за мобилизација. Иницијативата, исто така, најверојатно ќе биде дел од „поширок проект за всадување на идеологијата на патриотизам и доверба во јавните институции кај руското население“, додаваат од Министерството за одбрана на Велика Британија.

Можете да прочитате

„Гардијан“: 83 отсто од убиените во Газа се цивили

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа