Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со температура до 17 степени

Наутро студено а преку денот сончево со температури до 26 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно, по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во западните делови во претпладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен дожд, а во источните ќе преовладува посончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во западните делови претежно претпладне ќа има појава на дожд, а потоа следува период во кој ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер, а утринските температури во поголемиот дел од населените места ќе бидат околу нулата и повисоки.

Можете да прочитате

Предложен притвор за британски државјанин, фрлал камења кон инспектори во Куклица

Прилепчанец загинал откако се превртeл со трактор

Со фотографија од аеродром, градоначалникот објави дека Делчево повторно има вода