Утрински Весник
Свет

Дачиќ: Нема да паднеме во замка да преговараме за нешто што е веќе договорено

Дачиќ: Нема да паднеме во замка да преговараме за нешто што е веќе договорено

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека Европската унија (ЕУ) со потпишувањето на Бриселскиот договор е гарант дека ќе се формира Заедницата на српските општини, но „сега се прават обиди повторно да се отвори оваа веќе затворена тема, која Приштина неволно ја прифаќа“.

dobivaj vesti na viber

„За Белград е неприфатливо да се вратиме на нешто што е потпишано и договорено само затоа што Брисел и САД се двоумат да го натераат Курти да ја исполни обврската“. Нема да паднеме во таа замка, ниту ќе се согласиме дека битката за превласт меѓу Брисел, Париз, Берлин и Вашингтон се одвива зад нашиот грб“, изјави Дачиќ за Вечерње новости.

Како што наведе, „сите поединечно, а особено обединети, само ако сакаат имаат моќ и механизми да ја принудат Приштина да го почитува својот дел од Бриселскиот договор“.

„Тоа не го прават само апелите што ги упатуваа последниве денови, бидејќи Приштина досега безброј пати се правеше дека не ги слуша“, посочи Дачиќ.

Можете да прочитате

Силна бура предизвика штети во централна Словенија и Љубљана

Украина со дронови ги нападна Москва и Санкт Петерсбург

Зеленски: За неколку дена ќе бидат подготвени безбедносните гаранции за Украина