Утрински Весник
Свет

Путин разговараше со претседателот на Иран; Кремљ: Акцентот е ставен на зајакнување на соработката

Путин разговараше со претседателот на Иран; Кремљ: Акцентот е ставен на зајакнување на соработката

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со иранскиот претседател Ебрахим Раиси и двајцата го истакнале зајакнувањето на политичката, трговската и економската соработка, соопшти денеска Кремљ. Во соопштението не е наведено кога се одвивал разговорот, ниту пак се споменува испорака на оружје на Иран во Москва.

dobivaj vesti na viber

Русија ги засили напорите за зајакнување на врските со Иран и другите незападни земји откако почна инвазијата на Украина на 24 февруари, што беше остро осудено од западните земји.

„Тие разговараа за повеќе прашања со акцент на зајакнување на соработката на политичко, трговско и економско поле, вклучително и транспорт и логистика“, соопшти Кремљ.

Висок руски безбедносен функционер се состана со иранските лидери во Техеран во средата и двете земји ветија дека ќе ги зајакнат врските. Посетата доаѓа во време кога Украина и западните земји ја обвинуваат Русија дека користи ирански беспилотни летала за уништување на енергетската инфраструктура на Украина.

Иран вели дека и’ доставил на Русија мал број беспилотни летала пред почетокот на војната. Во октомври, двајца високи ирански функционери и двајца ирански дипломати изјавија за Ројтерс дека Иран ветил дека ќе и испорача на Русија ракети земја-земја.

Можете да прочитате

Застрашувачки бројки за вистинските загуби во војната меѓу Русија и Украина

СпејсХ го одложи пробниот лет на Старшип поради технички проблеми

Во Еквадор запленет експлозивен материјал наменет за терористички акти во Колумбија