Утрински Весник
Свет

Велика Британија: Повлекувањето од Херсон е уште едно понижување за Русија

Авторот на книгата за Путин: Тој сега има неколку опции, ова е веројатно неговиот план

Велика Британија соопшти дека повлекувањето на Русија од единствениот провинциски центар во Украина што го освои откако ја започна својата инвазија во февруари е уште едно понижување за нејзината војска, но оти Москва и понатаму е закана.

dobivaj vesti na viber

„Најавеното повлекување на Русија од Херсон претставува уште еден стратешки неуспех за нив. Во февруари Русија не успеа да заземе ниту една од нејзините главни цели освен Херсон. Сега, кога и таа е предадена, обичните граѓани на Русија мора да се прашуваат за што е сето ова“, рече британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Додаде дека руската армија претрпела огромни загуби и дека Британија ќе продолжи со поддршката за Украина.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација