Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Шаховски натпревар во основните училишта во Гостивар

Шаховски натпревар во основните училишта во Гостивар
Img 7972

40 ученици од сите основни училишта од градот Гостивар, денеска учествуваа на меѓуучилишниот шаховски турнир што го организираше локалната самоуправа во соработка со шаховскиот клуб „Гостивар“. Турнирот го отвори градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

dobivaj vesti na viber

Во оваа прилика тој истакна дека шахот е многу важна активност за здрав раст на децата и овие натпревари помагаат и за откривање на талентите кои остануваат во овој спорт.

„Денеска го отворив меѓуучилишниот шаховски турнир во кој се вклучени основните училишта на територијата на општина Гостивар во организација на шаховскиот клуб „Гостивар“. Шахот е многу важна активност за здрав раст на децата и овие натпревари помагаат и да се откријат талентите кои остануваат во овој спорт, со кои силно верувам дека утре сите ќе се гордееме со нивните достигнувања. Нека победи најдобриот“, изјави Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар.

Турата се одржа во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“. Учениците-учеснички имаа седум кола до финалето. Покрај натпреварот, активноста е од особено значење, бидејќи децата излегуваат од секојдневната рутина, се дружат и се забавуваат.

Инаку, општина Гостивар пред извесно време организираше и обука на наставниците во училиштата за шах, бидејќи Министерството за образование и култура започна проект во кој шахот ќе се воведе како предмет во основните училишта.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС

Николоски: Наскоро ќе биде избран изведувач за изградба на автопатот Кичево – Букојчани

Коалиција за зелена иднина: Претепувањето на советникот во Виница е удар врз достоинството и изборното право на Ромите