Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Крузер со 800 заразени патници со ковид се закотви во Сиднеј

Крузер со 800 заразени патници со ковид се закотви во Сиднеј
300x250 opst2

Крузер со околу 800 патници заразени со Ковид-19 се закотви во Сиднеј, Австралија.

dobivaj vesti na viber

„Маџестик принцес“ отплови од Нов Зеланд. Кога стигнал во Сиднеј, на бродот имало околу 4.600 патници и членови на екипажот, што значи дека приближно секој петти имал коронавирус, пишува „Би-би-си“.

Овој случај потсетува на појавата на коронавирус на бродот за крстарење „Руби Принцес“ на почетокот на 2020 година, кога најмалку 900 луѓе беа позитивни, а 28 починаа. Маргерит Фицџералд – претседателка на компанијата за крстарења „Карневал Австралија“, рече дека голем број случаи биле откриени на половина пат од 12-дневното патување.

Таа додаде дека сите случаи се асимптоматски или со благи симптоми и дека персоналот ќе им помогне на сите патници кои ќе тестираат да најдат приватен превоз и сместување за правилно да ја завршат изолацијата. Бродот наскоро ќе исплови за Мелбурн.

На прашањето за споредби помеѓу ситуацијата на „Маџестик принцес“ и „Руби Принцес“, Фицџералд рече: „Оттогаш научивме многу, многу повеќе за Ковид“.

Се зголемува бројот на заразени со Ковид низ Австралија. Во Нов Јужен Велс за седум дена се регистрирани 19.800 нови случаи.

Можете да прочитате

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови