Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

„Паразити“ – нова афера што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја објавува в понеделник

„Паразити“ – нова афера што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја објавува в понеделник
300x250 opst2

Додека народот гладува, функционерите на власта кешираат баснословни суми пари, во понеделник нова афера „Паразити”, најавува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Народот едвај врзува крај со крај. Поголемиот број од пензиите не се ниту 1/3 од потрошувачката кошничка. Две минимални плати не се доволни за да се прехрани едно семејство, а функционерите на власта секој месец книжат шест цифрени приходи.

Кој се богати додека народот страда?

Кои се “паразитите” на општеството? Додека платите на народот ги јаде инфлација, нивните примања се преголеми за воопшто да го почувствуваат ударот.

Следете нè во понеделник на пресконференција ќе објавиме нова афера насловена „Паразити” која ќе даде одговор зошто народот страда“, најавуваат од партијата.

Можете да прочитате

МВР ја потврди тепачката во Виница: Кандидатот за советник е на скопските клиники

Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја на коловозите 

30 години од атентатот врз претседателот Глигоров