Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Обезбедуваме ликвидност на компаниите, ги враќаме парите кај граѓаните и во услови на криза

Ковачевски: Обезбедуваме ликвидност на компаниите, ги враќаме парите кај граѓаните и во услови на криза

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со заменик-претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска го посети производствениот погон на фабриката за полиетиленски и полипропиленски цевки и црева, „Конти Хидропласт“ во Општина Гевгелија.

dobivaj vesti na viber

За време на посетата премиерот Ковачевски разговараше со менаџерскиот тим и вработените во компанијата, во врска со успешните владини антикризни мерки за стопанството и можностите за нивно искористување.

„Огромна е честа и задоволство што денеска овде во Гевгелија имав можност да ја посетам една од најреномираните фабрики за производство на полиетиленски и полипропиленски цевки и црева, не само во земјава, туку и пошироко. Компанијата Конти Хидропласт во својата речиси 50 годишна традиција на постоење, од примарно мало производство, до денеска се развила во модерна фабрика лидер, извозно ориентирана со 95% производство што завршува на странските пазари. Како што бев информиран од страна на менаџерскиот тим на оваа компанија, нивната главна мисија е да ги следат и да ги имплементираат најновите производствени технологии и стандарди со кои ја збогатуваат понудата на квалитетни производи, но и креираат општествено одговорни политики во делот на заштитата на животната средина и заштитата на здравјето на вработените“ рече Ковачевски.

Премиерот посочи дека „фабриката Конти Хидропласт во 2019 година доби помош од државата за инвестиции, во висина од над 313 милиони денари а реализирале двојно повеќе за три години, односно инвестирале 529 милиони денари. Оваа инвестиција е со петгодишен договор и се реализира според Законот за финансиска поддршка за компаниите. На овој начин градиме систем кој ги поттикнува успешните компании, кои придонесуваат во сопствениот развој, вработуваа кадри и вложуваат во човечкиот капитал, поттикнувајќи го истовремено и развојот на државата“.

„Свесен сум дека економската и енергетската криза направија невидени потреси на европскиот континент, но со навремени одлуки и донесени таргетирани антикризни мерки, засега успешно ја менаџираме оваа кризна состојба. Како што ветив, така и донесовме политики во интерес и на граѓаните и на компаниите. Како Влада ги поддржуваме малите и средни претпријатија, а со директна државна финансиска помош и со низата мерки, истото го правиме и за граѓаните. Дури и во услови на историски најголемата криза обезбедуваме добро платени работни места, создадовме услови за нови инвестиции, ги враќаме парите кај граѓаните и обезбедуваме ликвидност на компаниите кога е најмногу потребно, но и електрична енергија по поевтина цена за производителите на основните прехранбени производи“ рече тој.

Ковачевски напомена дека „поевтина струја е обезбедена и за јавните претпријатија од областа на водоснабдување и одведување на отпадни води. Тие ќе плаќаат цена од 95 евра за мегават час. Низ цела држава основните и средните јавни училишта ќе добијат поевтина електрична енергија по цена од 95 евра по мегават/час“.

„Истовремено со 80 проценти ја субвенционираме струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи, а во буџетот континуирано обезбедуваме и средства за зголемувањето на минималната и просечната плата и пензиите како и за грижа за најранливите категории граѓани“ рече тој.

Можете да прочитате

Со такси лани се возеле речиси 18,5 патници

Бројот на субјекти што не издаваат фискални сметки сè уште голем, привремено затворени 25 објекти

Славески од Регионалниот состанок на гувернери: Поврзувањето на  системите за инстант плаќања е едно од најпрактичните решенија за побрзи и поевтини прекугранични плаќања